Новиот Xbox One X е најмоќната гејминг конзола

од desk3
106 прегледи

Microsoft има нов член на фамилијата гејмерски конзоли на Xbox. Компанијата покажа што се крие зад тајното име Project Scorpio – најмоќната гејмерскаконзола во историјата. Тоа е и најниската компактна верзија на Xbox досега.

Конзолата ќе е се продава со името Xbox One X и се прави повеќе од една година. Таа е значително помоќна од директниот конкурент Sony PlayStation 4 Pro и може да се справи со игри со 4K резолуција и 60fp/s. Microsoft најави дека конзолата ќе чини 499 долари и нејзината продажба почнува на 7-ми ноември годинава.

Иако изгледот на Xbox One X изгледа прилично скромно, хардверот е импресивен. Конзолата има 8-core процесор на AMD и работи на 2.3GHz. Има и специјално развиен графички процесор кој има 6 терафлопа, работи на 1.17GHz и има 12GB видео системска меморија. Ова ќе им овозможи на Xbox One X да се справи со 4K и HDR игри. Освен тоа подржува и Dolby Atmos за квалитет на звукот. Xbox One X ќе има Ultra HD Blu-ray оптички уред за 4K филмови и 1ТВ диск простор. Конзолата е првата која користи течно ладење за да се справи со моќниот хардвер.