Можеби никогаш не сте слушнале за Сем Бенкмен-Фрид, но овој 29-годишник е на врвот на листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе во светот до 30 години. Тој исто така може да се пофали со високата 32. позиција на целокупната листа на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот. Бенкмен-Фрид се занимава со крипто бизнис и има 22,5 милијарди долари на својата сметка, што го прави најбогатиот човек кој работи на крипто пазарот, пишува Entrepreneur.
Бенкмен-Фрид веќе на големо се нарекува новиот Марк Закерберг. Младиот милијардер го изгради своето богатство преку серија стратешки инвестиции во крипто -валути, прво како трговец, а сега како основач на FTX, кој се занимава со размена на дигитални средства што овозможуваат купување и продажба на токени како што е Биткоин.
Интересно е што тој стана милијардер речиси ненамерно. Се вклучил во светот на криптовалутите без јасна идеја за тоа што всушност е. Неговата цел била да добие што е можно повеќе пари за да може во иднина да ги подари во стилот на Робин Худ, иако не прецизирал како и на кого.
Иронично, тој навистина не верува во криптовалути. Тој тврди дека ќе се откаже од нив ако може да заработи повеќе со нешто друго, дури и ако продава сок од портокал.
Како се збогатил?
Милијардерот е син на професор по право на Универзитетот Стенфорд, тој завршил приватно средно училиште во Калифорнискиот Залив и во 2014 година физика на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). За време на колеџот, тој поминал повеќе време играјќи видео игри отколку што студирал, и бил повеќе заинтересиран за морал и етика отколку за наука.
„Беше прекрасно. Јас бев повеќе хипи, а помалку научник“, признал тој во една прилика.
По дипломирањето, се вработил во финансиската компанија „Jane Street Capital“. Тогаш биткоинот го имаше својот прв голем пораст и скокна од 2.500 на речиси 20.000 долари по токен. Сем виде можност да купи биткоин во САД во 2017 година и да го продаде во Јапонија за 30 проценти повеќе.
На крајот на таа година, младиот човек поднесе оставка, ги зеде милионите долари што ги заштеди и доби уште еден милион по заеми од пријателите и семејството. Со таа инвестиција, тој ја основа „Аламеда Рисрч“, трговска компанија посветена на креирање стратегии базирани на математички пресметки за да се идентификуваат деловни можности.
Во јануари 2018 година, тој го основа FTX. Во раните денови, FTX работеше од VIVork во Хонг Конг со само десетина вработени. Компанијата порасна толку брзо што наскоро достигна вредност од 18 милиони долари и продаде дел за околу 70 милиони долари.
Минатиот септември, Сем го премести своето седиште на Бахамите и бидејќи индиректните трошоци на компанијата се многу мали, профитните маржи се 50 проценти.
Минатата година, FTX имаше приход од 750 милиони долари и профит од 350 милиони долари.