Новите амбасадори своите тези ќе ги изнесат во Собрание

од Берта Китинска
167 прегледи

Пред членовите на Собраниската комисија за надворешна политика за денеска е предвидено своите тези за дипломатските активности да ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во САД Зоран Попов, новиот амбасадор во Канада Агрон Буџаку, амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

МНР во петокот информираше дека во рамки на заокружување на процедурата за упатување на неколку нови амбасадори на Северна Македонија во странство, до Собранието се упатени вкупно пет барања за закажување на седница на Комисијата за надворешна работа за презентација на согледувањата на амбасадорите за односите со државите на приемот.

Во наредниот период се очекува да се пополнат уште неколку испразнети амбасадорски места бидејќи како што претходно информираше МНР добиени се агремани за уште тројца амбасадори и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста

Слични содржини