Новите AR очила на Bose буквално ви шепотат во увото

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Компанијата Bose објави нов модел очила со додадена реалност, кои се прв ваков производ за компанијата.

Наречени едноставно Bose AR, карактеристично кај нив е дека наместо да се фокусираат на визуелниот аспект, тие нагласуваат на аудио, што е и главниот производ на компанијата. Во секоја од двете половини на очилата има вграден минијатурен акустичен засилувач кој го пренесува звукот во вашето уво. Досега AR уредите потенцираат исклучително на додавањето на визуелен елемент кон вашата околина, но Bose сака да додаде звук и тоа на начин кој практично е незабележлив за набљудувачите.

На изглед, Bose AR очилата изгледаат сосема вообичаено и никој не би претпоставил дека тие буквално ви шепотат на уво.

Bose AR имаат Bluetooth конекција со смартфон и поддржуваат Google Assistant и Siri, како и опција да прават телефонски повици. Покрај тоа, очилата имаат сензор за движење на главата и вграден GPS. Компанијата ќе предложи мобилна апликација што ги користи собраните по сите овие начини информации, за да ви ги нуди и во реално време.

Така на пример, ако се наоѓате во близина на историски споменик очилата ќе ви раскажат повеќе за неговото потекло и ќе ги преведат изложените натписи, ако тие се на странски јазик.

Слични содржини