Џонатан Мејџорс беше прогласен за виновен за напад на неговата поранешна девојка Грејс Џабари. Според обвинението, тој е виновен за напад и малтретирање на неговата поранешна девојка.
„Марвел“ имаше големи планови за Мејџорс бидејќи требаше да го игра главниот негативец во тековната мултиверзумска сага. Актерот ги толкуваше „Канг“ и „Тој што останува“ во два проекти на MCU оваа година. Сè требаше да кулминира во претстојниот филм на Avengers, наречен Avengers: Kang Dynasty.
Сепак, се чини дека тоа пропаѓа, барем засега, ако му се верува на The Hollywood Reporter. Според извори блиски до овој медиум, „Марвел“ сака да го смени насловот на претстојниот филм. Во студиото, тој филм сега се нарекува Avengers 5. Иднината на филмот е неизвесна бидејќи „Марвел“ е во дилема што да прави со Канг, кој требаше да биде голема закана за хероите, исто како што Танос некогаш беше.
Ова не се единствените проблеми со петтиот филм на „Avengers“. Пред еден месец се дозна дека проектот остана без режисер откако Дестин Даниел Кретон ја напушти таа позиција. Единствено е познато дека креаторот на „Локи“, Мајкл Волдрон, работи на сценариото.