Новите ажурирања на Instagram го менуваат начинот на известувања за реакциите на приказната

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Новото ажурирање на Instagram го исфрли испраќањето директни пораки (DM) како реакција на „story“ (приказната).

Со новото ажурирање, корисниците можат да реагираат на нечија приказна без да му испратат DM. Новата функција се вика „Ми се допаѓа приватна приказна“. Новата функција целосно го менува начинот на кој комуницираме со приказните на другите луѓе.

Новиот систем за реакции на приказната ќе работи на сосема поинаков начин. Досега кога реагиравме на нечија приказна, корисникот добиваше DM од нас. Додека новиот интерфејс прикажува икона на срце додека ја гледа самата приказна.

Ако ја допрете, другиот добива известување како во случај на нов коментар или следбеник, а не директна порака како што беше случајот досега.

Слични содржини