Новите поплави во Кина однесоа 21 живот, евакуирани 6.000 луѓе (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Најмалку 21 лице загина откако силните дождови погодија пет градови во централната кинеска провинција Хубеи.

Поради катастрофалните поплави, евакуирани се 6.000 луѓе, објавија денеска државните медиуми на Кина.

Смртните случаи се регистрирани во Лијулин, кој е дел од градот Суџоу во северниот дел на провинцијата, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 2.700 куќи и продавници се оштетени од поплавите, а оштетена е и електричната енергија, сообраќајот и комуникациите, јави агенцијата Ксинхуа.

Спасувачки екипи се испратени во најтешко погодените области, вклучувајќи ги Шижоу, Ксианџијанг и Ксиаоган, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Во градот Јиченг во четвртокот наврнаа рекордни 400 милиметри дожд.

Екстремните временски услови во провинцијата предизвикаа големи прекини во снабдувањето со електрична енергија и оштетија повеќе од 3.600 куќи и 8.110 хектари посеви, а штетата се проценува на 16,6 милиони долари, објави денеска весникот „Чајна дејли“, цитирајќи ја провинциската влада.

Слични содржини