Новите технологии прават од луѓето марионети!

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Рускиот патријарх Кирил објави дека е вознемирен од влијанието на информатичката технологија врз умовите на човекот, пренесоа агенциите.

рус патрихјарх

“Ние знаеме како информатичката технологија денес делуваат врз  човекот – како во куклен театар, каде марионета се движат по волјата на оној кој ги влече конците . Затоа под влијание на протокот на информации човечките маси можат да постапуваат така, како се сака некој “, рече патријархот, говорејќи вчера во Покровско-Татнинскиот храм во град Чебоксари на Волга.

Според него таква реакција може да се случи ако човек не држи до  божјите заповеди – тогаш на него “му недостасува координатен систем”, а “човек без таков светилник, без координати, станува лесен објект за информациско влијание”. Поглаварот на руската православна црква потсети дека Бог преку Светото Писмо им дал на луѓето Слово, кое им “помага да не западнат во безпаќа”. “И ако го  гледаме Божјото Слово со ум и срце, тогаш стануваме мудри, силни и е многу тешко да бидеме изманипулирани”, истакна патријархот Кирил.