Ново истражување: 49% од младите Англичани се со колеблива сексуалност

од Vladimir Zorba
77 прегледи

49% од Британците на возраст меѓу 18 и 24 година се дефинираат себеси како нешто друго од целосно хетеросексуални, според новото истражување на YouGov 49%, соопштува “Интернешнл бизнис тајмс”.20150817.cneajnywfb

Според скалата на Кинси, воведена во употреба во 40-те години на минатиот век, луѓето се подредуваат според сексуалните преференции од 0 – кај чисто хетеросексуалците до 6 – кај непоколебливите хомосексуалци.

На учесниците во новата студија на YouGov им било поставувано прашањето да се дефинираат себеси на оваа сексуална карта. Вкупно 72% од Британците се самоопределуваат како целосно хетеросексуални, 4% се комплетно хомосексуалци, а 19% се некаде во средината, односно во категоријата на бисексуалците, според Кинси.

Еден од најимпресивните резултати од новото истражување е дека со секоја нова генерација луѓето гледаат на својата сексуална ориентација како на сè помалку јасно дефинирана и побрзо ја дефинираат како варијабилна.