Набљудувачите кои се навикнати да ја сметаат СРГ за остров на благосостојба и стабилност со вознемирена од кризи Европа, се почесто стануваат сведоци на доста загрижувачки појави во германскиот живот, пишува весникот “Независимаја газета” .
Вчера јавноста ги дозна резултатите од новото истражување на јавното мислење, а медиумите го коментираат вака: “Удар под појасот за Меркел. Веќе две третини од Германците не сакаат четврт мандат за Ангела Меркел “.
Анкетата е спроведена на 4-9 мај од институтот “Инсаат” за списанието Cicero. Добиените резултати покажуваат дека 64% од испитаниците, или речиси две третини од Германците не сакаат канцеларот да остане на власт уште четири години – од 2018 до 2021 година
Интересно е дека изгледите за “четвртиот мандат” се отфрла отоворено во земјата. Во старите провинции во просек 63,8%, а во новите 64,8%. А во возрасната група 45-54 години критички однос кон политиката на Меркел пројавуваат до 70% од Германците.