Ново, посилно невреме ја зафати Словенија, кое се движи кон југоисточниот дел на земјата и моментално е јужно од главниот град.
Невремето е придружено со обилни врнежи, можни се силни налети на ветер и град, соопшти словенечката агенција за животна средина АРСО.
„Ново, посилно невреме ја зафати Словенија, почна од Горњи Посочје и стигна до Пољанска долина, Жир и Полхограј. Невреме со пообилни врнежи при што можни се засилен ветер и град се движи кон југоисток“, објави АРСО.
Од Центарот за сообраќај и информации за државни патишта соопштиле дека поради силното невреме и градот на возачите не им се препорачува да возат на релација Брезовица – Врхника.
Според радарските снимки, од правецона Бовшек доаѓа ново невреме кое се движи кон југоисток. Град паднал на местото Церкно.