Ново обвинение за Жерар Депардје за сексуално вознемирување: Го пријавиле 13 жени

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Актерот Жерар Депардје е обвинет за уште еден сексуален напад и вознемирување, по низата обвинувања.

Против францускиот актер е поднесена уште една пријава за сексуален напад, кој наводно бил извршен за време на снимањето на филм во 2021 година, објави адвокатката Карин Дирие Дибол.

Правниот застапник веќе ја брани актерката Шарлот Арнол, наводната жртва на силување, поради што во декември 2020 година веќе беше покренато обвинение против францускиот актер. Таа во петокот испратила нова тужба против Депардје до Јавното обвинителство на Париз, во која тој се товари за сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди.

Актерот досега беше обвинет за сексуално вознемирување и напад од страна на 13 жени, но тој ги отфрли сите обвинувања.

Овој пат, пријавата ја поднела сценографка на сетот по име Амели, која за порталот „Медиапарт“ изјавила дека на 10 септември 2021 година Депардје прво ја навредувал, кога ѝ упатил неколку вулгарни забелешки, а потоа „брутално ја грабнал“ и сексуално ја вознемирувал.

Инцидентот се случил во 2021 година и, според тврдењата на адвокатот, случајот сè уште не е застарен. Сексуалното вознемирување се случило на снимањето на филмот Les Volets verts во Париз. Пријавениот напад наводно бил спречен од телохранителите на актерот.

Повеќекратните обвинувања против Депардје во Франција ги поделија културните и филмските кругови.

Слични содржини