Израелскиот парламент усвои закон со кој се бара носење електронска нараквица за секој што влегува во Израел и е во карантин поради ковид 19.
Според новиот закон, луѓето кои се испраќаат во карантин дома мора да носат нараквица за следење, со цел да се обезбеди усогласеност со прописите, пренесува АП.
Ако лицето одбие, ќе мора да биде ставен во карантин во државен хотел.
Спорното барање беше усвоено на последното гласање во Кнесет со четири гласа наспрема еден глас, бидејќи само пет од 120-те членови на парламентот гласаа за законот.
Israel to use electronic tracking bracelet to enforce quarantine measures https://t.co/gBI59Rq9aQ
— Newsweek (@Newsweek) March 17, 2021
Критичарите, вклучително и еден пратеник од опозицијата, велат дека тоа ја нарушува приватноста на поединците.
Во исто време, Врховниот суд ги укина мерките со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата, оценувајќи дека овие ограничувања се нелегални.
Така, регулативите со кои се ограничува бројот на луѓе кои влегуваат во земјата дневно на 3.000 и се бара од невакцинираните лица да добијат одобрување одбор за напуштање на земјата истекуваат во саботата и не можат да бидат обновени.