Поради најновите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата на РСМ, јавните паркиралишта на Општина Центар од денес ќе работат со скратено работно време.
- Паркиралиштата од отворен тип ќе работат секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 15:00 часот;
- Паркиралиштата од затворен тип ќе работат секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот и во сабота од 07:00 до 19:00 часот;
- Катната гаража „Судска палата“ ќе работи секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот и во сабота од 07:00 до 15:00 часот;
- „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи секој ден од 06:00 до 19:00 часот. Трета смена ќе биде времено укината
,,Шалтерите за прием на странки во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар остануваат затворени и сите корисници можат да ги користат услугите на претпријатието исклучиво по електронски пат на веб платформата www.poc.mk или преку ПОЦ мобилната апликација. Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да аплицираат за склучување на договор за платежната Green Pay картичка, да вршат проверка на состојба на Green Pay картичката со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 или во контакт центарот на 072 251 251 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.” – стои во соопштението