Ново рочиште на Бритни Спирс: Обожавателите ѝ пружија поддршка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Фановите на Бритни Спирс се собраа денес пред зградата на судот во Лос Анџелес, за да ја поддржат пејачката и да изразат незадоволство од одлуката на судијата кој го отфрли нејзиното барање да ја ослободи од старателството кое врз неа го има нејзиниот татко Џејмс Спирс – барем за сега.

Спирс не се очекува да зборува на денешното рочиште, иако таа може да учествува во некоја форма, бидејќи се обиде да го избере својот адвокат.

На снимката која кружи на социјалните мрежи, пред зградата на судот во Лос Анџелес, каде ќе започне рочиштето за случајот на Бритни, може да се види како нејзините обожаватели се собираат како поддршка на поп-пејачката.

Стотици од нив се собраа пред зградата на судот држејќи транспаренти и навивајќи додека чекаа вести за рочиштето.

Но, како што се наведува, нејзините фанови се собрале во неколку градови низ Америка, со цел да ја поддржат во „Борбата за слобода“, пишува „Индипендент“.

Судот ѝ дозволи на поп-sвездата да избере нов претставник, откако адвокатот што ѝ го додели судот поднесе оставка по рочиштето што се одржа пред три недели.

Слични содржини