Обвинетите, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, во моментот кога се одвивале протестите насловени „За заедничка Македонија“, немале никаква функција во партијата ВМРО ДПМНЕ, ниту пак, организирале партиски членови да заземат свое учество во истите.
Ова денес, го посочија неколкумина сведоци кои присуствуваа на рочиштето за „27 Април“ и Упадот во Собранието.
Екс градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски одговори негативно кога беше запрашан дали дента за време на протестите стапил во контакт со обвинетите Ристовски и Јанакиевски, со образложение дека во тој момент тие немале никаква функција.
„Никогаш како градоначалник, ниту ми било поставено прашање за поддршка и учество на протестите. Јас лично никогаш не сум бил на тие протести, а никогаш како градоначалник ниту сум го поставил тоа на вработените во Општината, тоа си било нивна лична граѓанска одлука“, посочи Митровски.
Владо Мисајловски,пак, кој во 2016 година беше министер за транспорт и врски, прашан каков став имал Општинскиот комитет на партијата за протестите на „За заедничка Македонија”, рече дека секој си одлучувал сам дали ќе ги поддржи собирите што ги организира „За заедничка Македонија” и дека партијата немала ништо со тие протести.
Тој апсолутно негираше дека како министер влијаел врз вработените во администрацијата да излезат на протестите.
Претходно инаку за време на рочиштето, беа сослушани повеќе сведоци, кои во 2016 година биле членови на месни, централни или Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Сите тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.