Ново страшно злосторство во Украина: Пронајдена масовна гробница во Изум

од Nikola Popovski
215 прегледи

Украинските власти објавија дека по ослободувањето на Изум, војската и полицијата пронашле масовна гробница во која имало 440 тела.

Главниот полициски истражител за регионот Харков, Сергеј Болвинов, информира дека сите тела ќе бидат ексхумирани и подложени на форензичко вештачење со цел да се соберат докази за воени злосторства од страна на руската армија.

„Можам да кажам дека ова е еден од најголемите гробници во ослободен град, на едно место се закопани 440 тела“, рече Болвинов.

Тој зборуваше и за тоа како биле убиени жртвите.

„Знаеме дека некои беа застрелани, некои загинаа од гранати или мини, а некои од воздушни напади. Исто така, имаме информации дека многу тела се уште не се идентификувани“, рекол полицаецот.

На крајот во разговорот со „Sky News“, тој ги опишал и чувствата по ваквото грозоморно откритие.

„За мене тоа беше особено шокантно и ужасно. Тоа се злосторства против човештвото и не треба да постојат во цивилизираниот свет од 2022 година. Ова е страшна приказна од кој било агол. Убеден сум дека злото ќе биде казнето“, заклучи Болвинов.

 

Слични содржини