Ново тестирање на нуклеарно оружје во Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Северна Кореја тестираше „мотор на цврсто гориво со висок потисок“ за да развие ново стратешко оружје под водство на лидерот Ким Јонг Ун, објавија во петокот севернокорејските државни медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Тестот извршен во четвртокот на локацијата за лансирање на сателитот Сохае ја докажа доверливоста и стабилноста на моторот, обезбедувајќи „гаранција за развој на уште еден нов тип на систем за стратешко оружје“, објави KCNA, пренесе „Хина“.

Се додава дека севернокорејскиот лидер изразил „очекување дека во најкраток временски период ќе биде направено уште едно стратешко оружје од нов тип“.

Тестирањето се случува во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, во разговор со јужнокорејските власти во Сеул, вети сеопфатни напори за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Северна Кореја изврши невиден број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до копното на САД.

Слични содржини