817
Порталот Subotica.com на својот Фејсбук профил го објави најновото видео од „борбената“ лавица Кика, чија состојба ја вознемири цела Србија, но и регионот.
Како што е наведено, таа е стабилно, а нејзината состојба не е променета.
Мора да мирува за да зараснат раните, да закрепне измачениот организам и без болка да застане на нозе, да почне да се храни според потребите.
Таа има потреба од одмор и е ставена во помал кафез за што помалку да се движи.