Џихадистичката организација “Исламска држава”, денеска објави видео снимка на која се покажува како тинејџери убиваат 25 припадници на сириските сили во амфитеатарот на античкиот град Палмира. Видеото со егзекуциите, наводно, е направено веднаш откако џихадистите ја презедоа контролата на античкиот град на 21 мај.
Снимката го покажува убиството на војниците облечени во зелена и кафена униформа пред огромното знаме на “Исламска држава”. Сè укажува на фактот дека егзекуциите се извршени од страна на деца или тинејџери облечени во маскирни униформи. Според некои податоци, џихадистите извршиле повеќе од 200 егзекуции, претежно на цивили, во близина на Палмира. Античкиот град Палмира се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, а неговото преземање од страна на ИД е причина за сериозна меѓународна загриженост.
96