Новодијагностицирани 416 случаи на Ковид 19, седуммина ја загубија битката

177 прегледи

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале седум лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 61, 66 и 86 години, двајца од Струга на 53 и 73 години и по еден смртен случај од Охрид на 69 години и од Кавадарци на 84 години.

Од МЗ исто така соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 416 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 186 случаи во Скопје, 37 во Прилеп, 29 во Кавадарци, 23 во Охрид, по 16 во Велес и Струга, 13 во тетово, 12 во Куманово, 11 во Битола и десет во Струмица.

Потоа, по осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Гостивар и Штип, седум во Кочани, по пет во Гевгелија, Неготино и Крива Паланка, по четири во Радовиш и Делчево, по три во Свети Николе и Берово, по два во Кичево, Ресен и Дојран и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и од Ресен – 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.705 тестови.

Слични содржини