Новогодишна прослава во Вухан: Додека остатокот од светот е затворен, Кинезите ги преплавија плоштадите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Граѓаните на Вухан, град во Кина кој важи за поранешен епицентар на коронавирусот во светот, излегоа на улиците во голем број вечерва, додека добар дел од остатокот од светот останаа во своите домови за време на Новата година.

Фотографиите и видеата од Вухан го обиколија светот, бидејќи жителите ги преплавија улиците за да ја пречекаат 2021 година, но некои сепак носеа маски, како мерка на претпазливост, иако во градот не е забележан пренос на ковид од 10 мај.

Постариот дел од населението беше на улица, додека младите се одлучија за ноќни клубови.

Некои луѓе кои се најдоа во толпата за Нова Година изјавија дека внимаваат, но дека не се плашат.

Освен Кина, уште неколку азиски земји влегоа во 2021 година во 17.00 часот по средноевропско време, меѓу кои, Филипините, Хонг Конг, Сингапур…

Слични содржини