Студено, со северозападен ветер и без врнежи ќе биде новогодишната ноќ. Температурата во сите делови на земјата ќе биде по нулата и ќе се движи од минус 10 до минус три степени.
Од УХМР информираат дека во текот на новогодишната ноќ врнежи нема да има. На 31 декември и на првиот ден од новата година ќе дува северен ветер, а преку ноќта ќе се зголеми облачноста.
До Нова година не очекува постуден период, со утрински температури што ќе се движат од минус шест до два во сабота, минус седум до еден во недела, минус осум до нулата во понеделник. Дневната температура во сабота ќе се движи од еден до седум степени, во недела од минус еден до шест и во понеделник од нула до седум степени.
На 31 декември, во вторник утринската ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од три до девет степени, а на првиот ден од новата година утринската од минус осум до нула, а дневната од два до осум степени.
Внржи од снег се одчекува во сабота во северните делови на земјата.