Поранешната гимнастичарка и олимписка шампионка Алина Кабаева на светот му е позната и како љубовница на рускиот претседател Владимир Путин.
Иако немаме често можност да ја видиме во јавност, Алина сега се појави во Сочи на отворањето на нов гимнастички центар. Таа во оваа прилика не сакаше да коментира политички теми, како и војната во Украина.
„Кога се занимавав со гимнастика и спорт, не можев ни да сонувам за условите кои денес постојат во овој центар. Но, животот ни покажува дека невозможното е можно. А Русија е земја на големи можности“, му порача таа на насобраниот народ, пренесуваат странските медиуми.
Сепак, она што сите го коментираа откако ја видоа после долго време, е промената на нејзиниот изглед. Имено, јаболчниците на Алина се пополни, усните поголеми, а лицето е целосно без брчки.
Многумина коментираа дека таа и Путин ги „направиле истите корекции“ на затегнување на лицето и подмладување.
Потсетуваме, Путин и Алина се во љубовна врска веќе 15 години, но на руските медиуми строго им е забрането да пишуваат за тоа. Нивната романса постојано беше во центарот на вниманието поради бројните скандали, а дури се шпекулираше дека Кабаева наводно го абортирала детето на Путин кога била бремена повеќе од 20 недели. Според медиумите, на ова инсистирал рускиот претседател.