Манекенот Анвар Хадид, брат на славните сестри Бела и Џиџи Хадид, се најде на удар на критики откако тој изјави дека под никакви околности нема да прими вакцина за коронавирус. Анвар, момчето на пејачката Дуа Липа, е едно од ретките познати лица кои отворено зборуваа за нивниот скептицизам кон науката – поради што стана дел од тимот на „ковидидиоти“.
Тој се снимаше во живо на Инстаграм и додека одговараше на прашањата на обожавателите, изјави дека под никакви околности нема да прими вакцина против коронавирус.
„Или нема да добијам корона или ќе ја добијам и ќе оздравам со што ќе добијам антитела, а не со некој неприроден процес. Нашите тела се дело на Создателот и можат да издржат повеќе отколку што мислиме. Нема да се вакцинирам“, рече младиот антиваксер.
Неговите ставови против вакцинацијата предизвикаа лавина негативни реакции на социјалните мрежи, имајќи предвид дека американските медиуми, но и голем број обожаватели на овој модел веруваат дека тој испраќа лоша порака во време кога светот се бори со глобална пандемија на коронавирус.