НРЦ: Обештетување за Ромите од Балканот за жртвите од Втората светска војна

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Националниот ромски центар во пресрет на 2 август, Интернационалниот ден на сеќавање на жртвите од 1944-та година од Холокаустот на Ромите, денеска одржа прес-конференција на која побара Ромите од балканските земји да добијат обештетување за она што се случувало за време на Втората светска војна.

133281319

Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ, рече дека овој ден се одбележува насекаде во Европа во знак на сеќавање на над 3.000 убиени Роми ноќта помеѓу 2 и 3 август во концентрациониот логор во Аушвиц. За време на Втората светска војна, Ромите биле убивани во гасни комори во повеќе концентрациони логори, а во некои места не бил оставан ниту еден жив Ром.

Елезовски истакна дека Ромите од балканските земји не добиле обештетување, како што тоа е случај со Ромите во останатите држави.

– Тоа е обврска според потписот на првите луѓе на Германија кои го признаа геноцидот и се надевам дека ова ќе допре до луѓето кои ги водат фондовите, а со тоа ќе запре и се поотворениот расизам кон Ромите, иако тие никогаш не биле иницијатори за какви било конфликти, војни, терористички акти, напротив секогаш биле пацифисти и се трудат да се интегрираат во заедницата, рече Елезовски.

Тој преку медиумите побара и соработка со еврејската заедница во Македонија за заедничко одбележување на овој ден.