НСДП ги осудува сите посегнувања по моралниот и физичкиот интегритет на луѓето независни од причините

од desk3
87 прегледи

Идеолошките наследници на поразените сили од Втората Светска војна, кои денес владеат со Македонија, почуствувајќи се загрозени од новата политичка реалност во Македонија, започнаа јавна и безгрупулозна пресметка со сите политички противници и неистомисленици.

nsdp-logo131

Со методи и средства својствени на историска озогласената нацистичка идеологија, во континуитет откако се на власт, произведуваат судири и делби.

Последните години од нивното владеење, идеологијата ја трансформира во шовинизам, чиј продукт практично се теророт, насилството, агресијата и омразата. Како што расте уверувањето за неминовност од заминувањето на власта на одметнатите од народот, така и ќе се зголемува нивната и нервозата на поданиците на Никола Груевски и ќе се зголемува притисокот за спас од неминовниот пораз. Во таа валкана “војна”нема да биде поштеден никој. Главна мета и натаму ќе останатат опозициските политичари и особено медиумите, односно новинарите што не се под нивна контрола. Ако нешто ги плаши протагонистите на мрачната идеологија, тоа е јавното мислење. Токму поради тоа, во улога на насилници се јавуваат луѓе од општественото дно и уличари, до вицепремиер и премиер.

НСДП ги осудува сите посегнувања по моралниот и физичкиот интегритет на луѓето независни од причините.

Сметаме дека, во најголем дел тие се одраз на фрустрации поради стравот од губење моќ и власт.

На зло не треба да се одговара со зло, туку со мобилизација на сите прогресивни сили и противници на злото, до конечен негов пораз на вонредните праламентарни избори во април идната година,