НСП: Полицајци претепани пред „Пјур“, напаѓачите ослободени

Осомничените пуштени на слобода, најавени реакции до обвинителството и МВР

од Кристијан Димков
57 прегледи Фото: Независен Синдикат на Полицијата

Независниот синдикат на полицијата информира дека внимателно ја следи состојбата по синоќешниот инцидент пред дискотеката „Пјур“ во Скопје, каде биле нападнати двајца полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош. Според синдикатот, напаѓачите биле под дејство на алкохол, а полицајците се здобиле со тешки телесни повреди.

„Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета од како интервенирал висок функционер од Владата, по што бил променет и обвинителот,“ се вели во соопштението на Независен Синдикат на Полицијата.

Дополнително, посочуваат дека во случајот е вклучен и секторот за внатрешна контрола, кој наместо да ја утврдува одговорноста кај напаѓачите, ќе ја преиспитува постапката на полициските службеници.

„Бараме сериозен и темелен пристап од страна на сите инстуции, а ние развојот на овој настан детално ќе го следиме. Уште утре ќе испратиме писмена реакција до Основното јавно обвинителство, но и до Министерот за внатрешни работи, затоа што нанесување на тешка телесна повреда на полициски службеник е сериозно кривично дело кое не смее да биде толерирано и допуштено да се маргинализира.“ додаваат во соопштението.

Слични содржини