235
Едно лице загина, а осум се повредени во пукање нешто по полноќ на социјален собир во Харлем, Њујорк, соопшти полицијата на тој американски град.
Според полицијата, во престрелката се ранети две жени и седум мажи, од кои едното e 21-годишно момче.
Началникот на полицијата во Њујорк, Брајан Мекги, на прес-конференција изјави дека се чини дека пукањето се случило за време на скара или друг социјален собир.