Градот Њујорк е подготвен да дозволи тестови и демонстрации на автомобили без возач, изјави гувернерот Ендрју Куомо.
За да ги дозволат овие тестови властите на Њујорк примија законодавен амандман, кој е запишан во предлог-буџетот на државата за 2018г.
“За оваа иницијатива ние прифативме повнимателен, но избалансиран приод при интегрирањето автономните автомобили по нашите патишта, па да се намали опасното возење, да се намали бројот на инцидентите и да се чува животот на луѓето”, рече гувернерот во соопштението.
Автомобилските фабрики кои сакаат, ќе можат бараат дозвола за тестови на автомобилите, кои ќе треба да ги почитуваат сите федерални и државни норми за безбедност. Кога автомобилот се движи по патната мрежа во државата, конструкторите се должни да стават на возачкото место водич со редовна возачка дозвола, прецизира гувернерот.
Компаниите – оператори на автономни автомобили ќе треба да потпишуваат за секој по еден договор за осигурување за покривање загуба на до пет милиони долари. Неколку американски држави веќе обезбедија дозвола за тестирање на автомобили без возач на јавните патишта.