„Њујорк Тајмс“ со ВИДЕО: Руската армија пука кон велосипедист од тенк

од Nikola Popovski
238 прегледи

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави видео на кое се гледа како руската армија пука врз цивили во Буча, град во регионот на Киев.

На споменатата снимка се гледа како велосипедист оди по улицата во Буча. Тој потоа врти во друга улица, по што следат неколку рафали од оклопни возила испукани во негова насока. Потоа се забележани прашина и чад.

Видеото е снимено од воздух, а украинската армија го направила на крајот на февруари, кога руските војници го држеле градот под своја контрола. Автентичноста на снимката ја потврди и Њујорк Тајмс.

Неколку дена по повлекувањето на руската војска од Буча, телото на убиениот цивил е фотографирано покрај велосипедот, наводно на истата локација. Телото лежело зад бетонски столб. Убиениот бил со темносин горен дел од облеката и посветли панталони.

Потсетуваме, телата на 20 цивили беа пронајдени расфрлани на улица во Буча, а според тврдењата на украинските власти на ова место се пронајдени бројни масовни гробници, поради што се смета дека бројот на убиените е многу поголем. Анатолиј Федорук, градоначалник на Буча, изјави за Би-Би-Си дека руските војници убиле околу 320 цивили за време на окупацијата на градот, која траела до 31 март. Федорук додаде дека лично бил сведок на егзекуција на неколку лица од страна на руските сили.

 

Слични содржини