Американската држава Њујорк повеќе нема да бара од граѓаните кои биле целосно вакцинирани против ковид 19 да носат маски на јавни места.
Овој декрет минатата недела го донесе гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, усвојувајќи ги препораките на федералните здравствени власти, објави Ројтерс.
– Невакцинираните лица ќе продолжат да носат маски – изјави денеска гувернерот Куомо, пренесува Танјуг.