Њујорк: Забрането носење оружје на јавни места

од Берта Китинска

Држава Њујорк донесе закон со кој се забранува носење оружје на многу јавни места, вклучувајќи го и Тајмс Сквер.

Од кандидатите за лиценца се бара да ја докажат својата стрелачка способност и да ги достават своите профили на социјалните мрежи на преглед.

Законот, усвоен во петокот на вонредна седница на парламентот, беше предизвикан од минатонеделната важна одлука на Врховниот суд на САД, која ги поништи рестриктивните закони на Њујорк за дозволите за оружје, потсети Ројтерс.

На 21 јуни, Врховниот суд на САД за прв пат рече дека Уставот на САД го штити правото на поединецот да носи пиштол на јавно место за самоодбрана, што е значајна победа за застапниците за правата на оружјето во нацијата која е длабоко поделена околу тоа како да се справи со оружјето.

Пресудата 6-3 го поништи ограничувањето на државата Њујорк за носење скриен пиштол надвор од домот. Судот утврди дека законот, усвоен во 1913 година, го нарушува правото на лицето да чува и носи оружје“ според Вториот амандман на Уставот на САД. Демократските лидери во Њујорк ја критикуваа одлуката и судот и рекоа дека насилството ќе ескалира доколку повеќе луѓе носат оружје.

Слични содржини