НУК: На повеќе угостителите не им е дозволено да ги користат државните “респиратори со кислород”

од Берта Китинска
241 прегледи

Од ден во ден се повеќе за угостителите не се дозволува или попросто кажано “е забрането”да се има достап и да се
користат т.н. државни или владини “респиратори со кислород”. Угостителската индустрија се соочува дека истите
навистина и реално се резервирани исклучиво за локомотивите на 4-рите најголеми комори со што се повеќе укажува на тоа да се соочиме со вистината дека сме оставени сами на себе и сопствениот имунитет да се справиме и избориме со пандемијата КОВИД-19, велат од НУК – Независна Угостителска Комора.

И покрај тоа што Владата и коморите со овој Меморандум за соработка СЕ ДЕКЛАРИРААТ за постигнување на голем
чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу бизнис заедницата и Владата, како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата истите НЕМААТ НАМЕРА ДАДОЗВОЛАТ ПРИСТАП НИТУ ДА ГИ СЛУШНАТ ПРЕДЛОЗИТЕ И РЕШЕНИЈАТА на други комори ниту на НУК за спас и опстанок на угостителите, угостителската индустрија и угостителските работници.
АКО Е ОВА НЕ Е ВАКА ЗОШТО ТОГАШ КОМОРИТЕ И ВЛАДАТА СЕ ПЛАШАТ ОД НОВИ ЧЛЕНКИ ВО
КОМИСИЈАТА ЗА ЈАВНО – ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЧЕТИРИТЕ СТОПАНСКИ КОМОРИ И ВЛАДАТА.

„Проектот што е рекламиран како Проект поддржан од канцеларијата на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис
регулатива не го нуди веќе она за кое е создаден и промовиран.Со цел да ја дознаеме вистината прашуваме дали Владата или коморите смеат јавно да ги објават записниците од оддржаните седници односно состаноци на Комисијата за јавно приватен дијалог (ако воопшто постојат) како и целокупната коресподенција која во изминатиот период се одвивала помеѓу Владата, оваа Комисија и коморите.
Веруваме дека финансиската поддршка која е направена од страна УСАИД е навистина за намерата за поотворено
општество со цел да се слушне гласот на бизнис заедниците, институционалното поврзување на засегнатите чинители во процесот на донесување нова и промена и усогласување на постоечката регулатива која ја засега реалната и загрозената во денешно време бизнис заедница, а не да се групира, селектира и формира ЕКОНОМСКО ЛОБИ НА ЛОКОМОТИВИТЕ под патронат на Владата и Претседателите на т.н. најголеми комори.
Дали изјавата дадена пред извесно време од Претседателот на Владата со која кажува дека: “Се работи за една
комплексна насоченост на Владата со јасна визија што сака да постигне, прво треба да знаат компаниите кои што
животарат, кои се во загуба, ќе ги оставиме, ќе пропаднат, затоа што ниту во Европа е одржливо, ниту на друго место, стои во соопштението на НУК.

Слични содржини