Њукасл го објави својот рекорден трансфер

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Њукасл и официјално го потврди трансферот на Александар Ајзак од Реал Сосиедад, со што стана најскапата аквизиција во историјата на клубот. „Страчките“ за шведскиот напаѓач според различни извори ќе платат меѓу 60 и 63 милиони фунти (70-75 милиони евра). 22-годишниот фудбалер вчера ги помина медицинските прегледи и ќе може да дебитира во Премиер лигата во недела против Вулверхемптон.

Ајзак е четвртото ново засилување на Њукасл ова лето, по Мет Таргет, Ник Поуп и Свен Ботман. Од клубот прецизираат дека Швеѓанецот потпишал долгорочен договор и ќе игра со дресот со број 14.

„Тоа беше многу, многу голема одлука за мене, но и одлука со која сум многу среќен. Се работи за голем историски клуб кој има неверојатни навивачи. Мислам дека сите би сакале да играат за нив. Навивачите се едни од главните причините да дојдам, но и самиот проект, во кој навистина верувам. Мислам дека Њукасл игра многу атрактивен фудбал и сакам да бидам дел од него“, изјави Ајзак.