Нуклеарната централа Запорожје на работ на исклучување, ниту еден од реакторите не произведува струја

од Nikola Popovski
206 прегледи

Украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, ја загуби врската со последниот преостанат надворешен далновод во четвртокот вечерта и се префрли на резервно напојување, објави во четвртокот украинската државна компанија за електрична енергија Енергоатом.

Енергоатом објави дека најголемата европска нуклеарна централа е на работ на исклучување бидејќи резервното напојување има помалку од половина капацитет во споредба со главното.

Ваквиот режим е тежок за нуклеарната централа. Времетраењето е ограничено од дизајнот на централата и може да доведе до откажување на главната опрема на енергетската единица, објави Енергоатом на Телеграм.

Нуклеарната централа Запорожје, која има шест реактори, е контролирана од руската армија од првите денови на инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Таа стана една од точките на конфликтот. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се обидува да воспостави безбедносен механизам за спречување на можни несреќи. Ниту еден од шесте реактори не произведува електрична енергија. Раководството на нуклеарната централа , поставено од Русите соопшти дека реакторот 4 е префрлен од „жешка“ во „ладна“ фаза на исклучување поради истекување на пареа. Еден од шесте реактори мора да биде во „жешка“ фаза на исклучување за да се произведува пареа за потребите на нуклеарната централа.

Слични содржини