137
Нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во областа Енергодар, почна да работи според руски стандарди, изјави денеска градоначалникот Александар Волга.
Тој за ТАСС изјави дека нуклеарната централа почнала да работи според руски стандарди бидејќи нејзиниот нов оператор е назначен врз основа на указот на рускиот претседател Владимир Путин.
Платите на вработените во нуклеарната централа во иднина ќе ги исплаќа Русија, а досега тоа го правеше „Енергоатом“, украински оператор, соопшти Волга по церемонијата на инаугурација на шефот на Новгородската област, Андреј Никитин.