175
Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин.
Тој изјави дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, пренесува РИА Новости.
„Нуклеарната централа Запорожје сега се наоѓа на територијата на Руската Федерација и, соодветно, мора да работи под надзор на нашите надлежни ресори“, изјави Вершинин.