Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд околу 10 јули треба да дојде во Македонија.

nuland_2

“Сега е време да се стави крај на политичката криза“, порача Нуланд во Скопје, лани во јули.

Една година подоцна кризата само се продлабочи, посочува Телма.

Сега се очекува нејзината посета да го прекине преговарачкото затишје меѓу четирите партии. Тоа не значи да ги седне на преговарачка маса партиските лидери, ниту да понуди конечно решение за кризата, но високата американска функционерка може да ги поттикне да се повлечат од своите црвени линии.

Во политичките кругови дури се споменува и нов политички договор кој исто така треба да резултира со избори, а опозицијата веќе го спомена ноември како можен термин.

Агендата на посетата на Нуланд се уште се договара, па освен средби со лидерите, не се знае дали воопшто ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, кој со својот последен говор ги засили поделбите и  обвини дека странски држави ја дестабилизираат Македонија.

Неизвесно е и дали опозицијата ќе се врати во Парламентот пред Нуланд да пристигне.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини