На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску.
На средбата се разговараше за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност. Во таа насока беше нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија. Министерот на Романија Попеску информираше за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.
На состанокот се дискутираше за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.
Министерот се заблагодари за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката документација и изработка на изведбени проекти.
Взаемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на министерството и државта преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус.