„Поминаа точно две години откако јас станав министер до усвојувањето на Законот. Откако минатата недела, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови, за жал не 90 како на првото читање, го изгласаа нашиот предлог за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за национален парк, оваа недела беше потпишан и указот од страна на претседателот, со што нашата држава донесе историска одлука и го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето“, вели министерот Нуредини.
Тој напомена со донесувањето на овој закон ќе се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.
-Располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни, пределни и културни вредности.Вкупната површина на паркот е 62 705 хектари, од кои 26,5% е во зона на строга заштита, 49,06% во зона на активно управување и 22.02 % се во зоната на одржливо користење. А предвиден е и една заштитен појас на Попова Шапка со што ќе се овозможи одржлив развој на овој туристички центар. Во креирањето на границите се внимаваше да обезбеди хомогеност на зоните, да се следи теренската конфигурација и да се во хармонија со соседните паркови. Предложеното зонирање е усогласено со зонирањето во националните паркови со кои граничи – НП Маврово и НП Шари во Косово и ги зема предвид традиционалните активности во подрачјето како сточарството, земјоделството и слично.Согласно законот, Владата ќе треба да основа Јавна Установа национален парк во рок од 3 месеци, од неговото стапување на сила. Управувачката структура и начинот на функционирање ќе биде ист како и кај сите други национални паркови во државата уредени во Законот за заштита на природата, објасни тој.
Министерот рече дека ќе се формира реџерска служба која ќе го чува националниот парк.
-Ќе се воспостави ренџерска служба, ќе се разговараме и со Национални Шуми, за да се преземат искусните кадри од подрачните единици што работеле во Тетово и Гостивар, како стручни лица кои најдобро го познават теренот.Управувачката структура ќе биде иста како на останатите паркови. Ќе се воспостави ренџерска служба која ќе се грижи и ќе го чува националниот парк. Клучно е што конкретните забранети активности ќе се дефинираат со планот за управување кој ќе биде донесен во рок од една година. Планот за управување ќе се прави со стански експерти, ќе има јавни расправи и ќе биде транспарентен, рече Нуредини.