Нуредини:Започнува со градба фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во Гостивар

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање се сретнаа со претставниците на изведувачот и надзорот за проектот Изградба на фекален колектор, фекална канализација и атмосферска канализација за Урбан блок 21 во Гостивар. По средбата ја посетија локацијата од каде што ќе се започне со градежните работи.

Вкупна должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 км., додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км. и треба да опслужи 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар.

Со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км.

Вкупната вредност на проектот согласно склучениот договор е околу 130 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Министерството.

Слични содржини