Иако има веќе многубројни факти кои ја прават веројатна верзијата за терористички акт против рускиот патнички авион А321 над Синај, официјални претставници на Русија, Египет и САД продолжуваат да ја негираат оваа верзија, пишува во анализа “Нувел обсерватор”.

Трите држави сепак го прават тоа, водени од различни намени. Египет се плаши да не продолжи да губи туристи и приходи во буџетот, Русија се плаши од масовно незадоволство меѓу граѓаните и расположението против сириската операција, а САД уште еднаш ја провоцираат Москва, за да го зајакнат своето влијание на Блискиот Исток, поддржувајќи го Египет .
А доказите и мислењата на експертите, кои водат до организиран терористички акт против патничкиот авион, се зголемуваат. Веќе стана збор за мислењето дека досега “Исламска држава” веднаш не презела одговорност за напад, што не е извршен од нејзини борци. А во овој случај токму оваа терористичка организација веднаш ја презеде одговорноста за соборувањето на авионот.
Многу важно е и тоа дека авионот почнал да се уништува уште додека е во воздух, што говори за присуството на фактор кој го предизвикал тоа. Ако претставниците на компанијата сопственик “Метроџет” уверуваат за добрата техничка состојба на авионот, паѓањето нема да се случи освен преку предизвикана експлозијата.
Сепак, претставниците на трите држави продолжуваат во еден глас велат да се почекаат резултатите од декрипцијата на црните кутии, пред да се прогласат за некоја од верзиите за несреќата. И е многу чудно што први до овие податоци ќе имаат пристап египетските власти, иако постојат многу други поискусни и подобри експерти и во САД, и во Русија. Тоа значи дека едвај можеме со 100% сигурност да ги прифатиме зборовите на египетските власти, без разлика што ќе објават тие.