Њузвик: Бангладеш остана без вакцини откако не ја осуди Русија

од Nikola Popovski

Литванија одби да ја достави количината вакцина против Ковид-19 во Бангладеш, откако оваа земја се воздржа од гласање за резолуцијата на Обединетите нации за осуда на руската инвазија во Украина, пишува „Њузвик“.

Според весникот, за време на дебатата на Генералното собрание на ОН, претставникот на Бангладеш изјавил дека неговата земја секогаш е посветена на мирот, иако предложената резолуција „само укажува на виновникот и не прави ништо за регулирање на кризата во Украина“.

Весникот се повикува на соопштението на Литванската државна радио и телевизија, според чии информации Вилнус ја повлекол претходната одлука за испраќање над 440 илјади дози вакцина во Бангладеш. Подоцна, како што се наведува, овие податоци ги потврдила и портпаролката на литванскиот премиер Ингрид Шимонте.

Покрај Бангладеш, како што е познато, од гласање се воздржаа уште 34 земји.

Слични содржини