Nvidia го престигна Apple и вреди повеќе од три трилиони долари

од Vladimir Zorba
55,4K прегледи

Nvidia веќе беше највредната компанија за полупроводници во светот, а сега стана првата компанија за компјутерски чипови што достигна пазарна капитализација од три трилиони долари.

Акциите на компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија пораснаа за околу 147 отсто оваа година, додавајќи околу 1,8 трилиони долари на претходната вредност, бидејќи ненаситната побарувачка за нејзините чипови што се користат за напојување на системите за вештачка интелигенција (AI) вртоглаво расте.

Во средата, акциите пораснаа за уште 5,2 отсто за да се затворат на рекордно високо ниво од 1.224,40 долари за парче, со што нејзината пазарна вредност се зголеми на повеќе од 3 трилиони долари, престигнувајќи го Apple во процесот.

Nvidia последен пат вредеше повеќе од Apple во 2002 година, пет години пред да биде објавен првиот iPhone. Во тоа време, двете компании вредеа помалку од 10 милијарди долари секоја од нив.

Извршниот директор на компанијата Џенсен Хуанг рече дека компанијата планира да ги надградува своите таканаречени акцелератори за вештачка интелигенција секоја година. Добивката на акциите во средата го зголеми неговото лично богатство за повеќе од 5 милијарди долари на 107,4 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Подемот на генеративната вештачка интелигенција е нова индустриска револуција и Nvidia очекува да одигра главна улога во донесувањето на таа технологија на персоналните компјутери, им рече Хуанг на присутните на воведното обраќање на Националниот тајвански универзитет.

Компанијата има најголема корист од огромнaта поплава на трошоци за вештачка интелигенција. Производителот на чипови сè уште заостанува зад Microsoft по пазарна вредност, но Вол Стрит очекува дека е само прашање на време кога Nvidia ќе го надмине.

Слични содржини