Nvidia и AMD ќе испорачуваат AI чипови во Саудиска Арабија во проект вреден 10 милијарди долари

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Американските технолошки компании Nvidia и AMD ќе испорачаат илјадници напредни чипови на саудиската фирма „Хумејн“, како дел од амбициозниот план на Ријад за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција вредна 10 милијарди долари.

Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хванг, изјави дека неговата компанија ќе испорача повеќе од 18.000 од своите најнови чипови „Блеквел“ во Саудиска Арабија, кои ќе се користат во центри за податоци со вкупен капацитет од 500 мегавати, објави АП.

„Вештачката интелигенција, како електричната енергија и интернетот, е суштинска инфраструктура за секоја нација“, додаде Хванг.

AMD, исто така, потврди дека ќе ја снабди Саудиска Арабија со напредни чипови. Договорот доаѓа во време кога САД и Саудиска Арабија објавија стратешко економско партнерство кое вклучува инвестиции од Ријад во американската економија во вредност од 600 милијарди долари, соопшти Белата куќа.

Акциите на Nvidia пораснаа за 1,7 проценти во претпазарното тргување денес, додека акциите на AMD пораснаа за 1,6 проценти. Еден ден претходно, пазарната капитализација на Nvidia повторно ја надмина границата од три трилиони долари за прв пат од февруари, објавија медиумите.

Слични содржини