Nvidia пласира на пазарот обновена и надградена верзија на својот таблет Shield Tablet K1. Тој ќе ја користи најновата генерација на платформата Tegra и ќе чини околу 200 долари, објави интернет изданието 9to5Google.
Shield Tablet K1 првично беше замислен како таблет за гејмери. Новата верзија е насочена кон сите обожаватели на игрите и медиата. Всушност во комплетот дури нема полнач и USB кабел и корисникот ќе мора да користи такви од друг уред.
Во замена тој ќе добие таблет со доста моќен хардвер. Процесорот Tegra K1 е 4-јадрен со 2.2GHz брзина. Видео обработката е доверена на графичкиот чип Kepler. Оперативната меморија е 2GB, како и има 16GB вградена меморија за складирање на податоци и слот за MicroSD картички.
Екранот е 8-инчен со резолуција 1920х1200. Од двете страни има стерео звучници насочени кон корисникот. Над екранот има 5МР камера, каква што е и на задниот панел. Вградената батерија е 19.75Wh, има уште Bluetooth 4.0 LE, WiFi. Таблетот е со дебелина 9,2 mm и тежи 390 грама.
Оперативниот систем е Android 5.1.1, Nvidia ветува дека е подготвена со обновувањето до Android Marshmallow пред божиќните празници годинава.
