НВО УФУК: Цензурата во МТВ 2 програмата на турски јазик продолжува

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Соопштение на НВО УФУК:

565445544343

После постигнатиот политички договор помеѓу четирите политички партии за решавање на политичката криза во Македонија, со кој се регулираа и работата на медиумите, програмата на турски јазик во МТВ 2 продолжува да ги игнорира сите оние кои размислуваат поинаку од владејачката гарнитура. Во политичкиот договор помеѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА има посебен член за регулирање на медиумите. Покрај тоа до ден денес во програмата на турски јазик на јавниот сервис нема никакви промени.

Главен уредник на програмата е близок роднина на претседателот на Турската Демократска Партија која е во коалиција со владејачката ВМРО ДПМНЕ. Ваквиот однос на уредникот кој со години стои на страната на власта игнорирајќи ги другите турски политички партии за демократско општество кон кое се стреми Македонија е неприфатлив.

Веќе со години не само политичките партии туку и турските невладини организации се непожелни во државниот сервис, кој се финансира со парите на граѓаните. Граѓаните припадници на турската етничка заедница имаат право да бидат информирани за вистинските состојби со кој се соочуваат. Со години Турците се дискримирани во сите сфери на општественото живеење. Очекуваме пристапот во ТВ програмата и радио програмата на МТВ2 на турски јазик да биде променет во најкраток можен рок и во јавниот сервис да се отстапи место за сите структури од турската етничка заедница. Воедно ја повикуваме новата уредничка на информативната програма на МТВ, Санта Аргирова во најбрз можен временски рок да стави крај на оваа безумие кое владее на информативните програми на МТВ2 на турски јазик.

НВО Уфук ќе продолжи да ги следи сите случувања во државата и ќе реагира секаде онаму каде што се загрозени основните човекови права и слободи. Демократските процеси во Македонија веќе мора да проработат, државата мора да се нормализира и да се интегрира во НАТО и ЕУ.