NYT: Испорачуваното оружје од ЦИА за сириските бунтовници одело на црниот пазар

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Со добиените пари корумпираните службеници купувале скапи џипови и луксузни предмети

20160627.wcvuzpkudq

Јордански војници и службеници од разузнавачките служби на земјата систематски го земале и го препродавале на црниот пазар оружје, испорачуваме од американското ЦИА и Саудиска Арабија за сириските бунтовници, пишува американското издание New York Times во големата анализа “CIA Arms for Syrian Rebels Supplied Black Market, Officials Say “.

Според весникот, на црниот пазар во Јордан се појави вистински поток од оружје за милиони долари, што го купуваат криминални групи во земјата и шверцери за препродажба зад граница. Корумпираните јордански службеници ги потрошиле добиените средства за скапи џипови, iPhone и други предмети од луксузот. До таков заклучок дошле вработени на ФБИ на САД по проверка на сериските броеви при истрага на инцидентот во ноември 2015 година, кога јорданскиот полициски капетан Анвар Абу Заид отвори оган по колеги и американски инструктори, како резултат на што загинале тројца инструктори и еден јордански ,  ауште двајца американски инструктори и тројца Јорданци беа повредени. Според американски и јордански официјални лица, употребеното  оружје од застрелани полициски капетан било дел од програмата за подготовка на сириските бунтовници – која е започната во 2013 година под кодното име Timber Sycamore. Таа била дело на ЦИА и разузнавачките служби на некои арапски земји, на пример Саудиска Арабија, со цел соборување на сирискиот претседател Башар Асад, и за три години ЦИА успеа да подготви илјади бунтовници. “. ЦИА и ФБИ одбиле да ја  коментираат ситуацијата и пишувањата на New York Times