343
Обединетите Арапски Емирати нема да дозволат влез на невакцинирани граѓани во земјата, почнувајќи од 10 јануари, објави денеска новинската агенција WAM, повикувајќи се на информации од тамошните Министерство за надворешни работи и Националната агенција за управување со кризи.
Во извештајот се наведува дека на целосно имунизираните граѓани ќе им треба доказ за примена бустер доза доколку сакаат да патуваат, пренесува Ројтерс.
Овие забрани нема да важат за лица кои не можеле да се вакцинираат од медицински или други хуманитарни причини.